Славески: Оние што имаа забелешки ќе ги убедам дека Народната банка ќе остане независна институција

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески се заблагодари за сите пратеници што учествуваа во расправата во Собранието за негов избор. Ветува дека ќе ја оправда довербата на оние што го поддржаа, а на оние што имаа забелешки ќе ги убеди во спротивното дека НБ ќе остане независна институција.

-Јас сум присутен од првиот момент на нејзиното основање во 1993 година. Бев присутен во Собранието на седницата кога се воведуваше денарот и со закон се формираше Народната банка. Законските надлежности се ценовна стабилност што за Македонија ќе значи ниска и стабилна инфлација и финансиска стабилност. Една друга цел на НБ е да ги поддржува политиките на Владата на Македонија. Сите очекуваат стабилен девизен курс, рече Славески по давањето на свечената изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Славески посочи дека стапката на инфлација мораме да ја држиме во рамките на онаа на Еврозоната. Во изјава за медиумите, тој истакна дека нема да воведе флексибилен девизен курс

Back to top button
Close