Славески: Регулацијата и контролата на финансиските друштва што издаваат т.н. „брзи кредити“ не е во надлежност на НБ, туку на Министерството за финансии

Гувернерот Трајко Слевски во објава на Фејсбук им појаснува на граѓаните дека регулацијата и контролата на финансиските друштва што издаваат т.н. „брзи кредити“ не е во надлежност на Народната банка (НБ), туку на Министерството за финансии.

-Често поставувано прашање (на погрешна адреса): регулацијата и контролата на финансиските друштва, познати кај граѓаните најмногу по одобрувањето т.н. „брзи кредити“, не се во надлежност на Народната банка, туку на Министерството за финансии, напиша Славески на својот пост на Фејсбук.

Back to top button
Close