Славески за „Фокус“: Дај боже Арсовска да е човек на Груевски

Претседателот на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, во интервју за „Фокус“ објавено под наслов „Скопјани, извинете што ве терав да гласате за Данела Арсовска“, се осврнува и на владеењето на поранешниот премиер Никола Груевски, а во еден од одговорите околу тоа дали градоначалничката е човек на Груевски, тој вели „Дај боже да е така“.

„Дај боже да е така. Пред неколку години, поточно 2017 година во првиот состав на Извршниот комитет на партијата по конгресот во Валандово јас влегов по покана на претседателот Мицкоски“одговара Славески на констатацијата дека се зборува оти Арсовска е човек на Груевски.

Претходно, на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ сè уште го носи товарот на Груевски, тој вели:

„Не поминало доволно време, но мислам дека во добар дел од тој товар партијата е ослободена. Почнувајќи од луѓето, па сè до однесувањето. Сите оние шпекулации дека некој управува од некој центар со партијата не се точни“.

Линк до интервјуто ТУКА.

Back to top button
Close