Славевски бара Инспекторатот на локалната самоуправа да му го врати копчето од говорницата

Повик до Инспекторатот за локална самоуправа да интервенира во Град Скопје заради попречување на работата на Советот и одземање на ингеренциите на претседателот на советот, упати денеска Трајко Славески, претседателот на Советот на Град Скопје. Повикот се случи на денешната седница на Советот посветена на поставувањето на советничките прашања. Славески бара да му се врати можноста со притисок на копче да ги исклучува говорниците на главната говорница коишто не се придржуваат на темата на расправата.

Пред две седници, односно по седницата на која Славески се конфронтира и и го исклучи микрофонот на скопската градоначалничка Данела Арсовска, во Советот беше поставен нов систем. Со него, претседателот на Советот веќе нема копче со кое може да ги исклучува советниците ако говорат надвор од дневниот ред.

Славески денеска рече дека нему му е оневозможено да го спроведува Деловникот од аспект на спроведување на редот во салата, давањето и одземањето збор, контролата на времето на дискусии и слично, затоа што некој неовластено ја изнел потребната опрема за таа намена од салата.

повеќе

Back to top button
Close