Слави Трифонов му порача на Николоски: Можам да бидам груб, но љубезно ќе ви кажам – вие постоите зашто Бугарија постои 1.300 години

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски завчера во гостување на ТВ Алфа, зборувајќи за отсуството на македонското знаме на заедничката фотографија на Сиљановска-Давкова и Радев, рече дека очигледно домаќинот не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги

Лидерот на партијата Има таков народ и поранешен шоумен, Слави Трифонов, на својот фејсбук-профил ја коментира изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, упатена кон бугарските власти во врска со непоставувањето на македoнското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев.

Трифонов во својата објава на Фејсбук смета дека треба да се истакне дека посетата на претседателката Сиљановска-Давкова кај Радев била неформална и дека во тој случај од никого не се бара да постави знамиња.

„И при официјалната посета на македонскиот премиер на Република Хрватска исто така немало македонски знамиња, туку само хрватски. Но, за ова ниту еден Македонец не кажа ништо. И сега да го цитирам дотичниот Николоски, кој, ословувајќи нè домаќини, го кажува следното: Домаќинот очигледно не е цивилизиран, ако сакаат, нека испратат протестна нота на тоа што го кажувам. Домаќинот не е ниту цивилизиран, ниту пристоен, ниту има почит, па ситуацијата е таква каква што е. Помизерни од нив се само оние слуги кај нас што потпишаа дека македонскиот и бугарскиот народ имаат заедничка историја, а немаат. Истите луѓе што потпишаа дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и дека никогаш нема да влеземе во Европската Унија ако не признаеме дека сме Бугари и имаме бугарски корени, сега зборуваат за патриотизам. Крај на цитатот“,пишува Трифонов на својот фејсбук-профил.

Трифонов на Николовски му порача дека може да биде груб, па дури им како што вели, да биде голем гад, прво затоа што може, а второ и затоа што има причина.

Сепак, вели дека одлучил на љубезен начин да му порача дека:

„Вие постоите затоа што Бугарија постои 1 300 години. Зборувате зашто бугарскиот јазик постои 1 162 години. И некој како тебе може да биде вицепремиер, зашто таквите како мене наместо да го прават тоа што го чувствуваат и сакаат, се воспитани, релативно кротки и ги почитуваат правилата и законите на Европската Унија. Ние не сме мизерни, мизерен си ти“,вели тој.

Според него, единствен правилен начин на дејствување во оваа ситуација е што поскоро да се отповика амбасадорот на Северна Македонија во Република Бугарија.

„А Бугарите во Северна Македонија не се слуги. Слуга си ти, претпоставувам, на Србите“,напиша Трифонов.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски завчера во гостување на ТВ Алфа, зборувајќи за отсуството на македонското знаме на заедничката фотографија на Сиљановска-Давкова и Радев, рече дека очигледно домаќинот не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close