Слави Трифунов со порака до С Македонија за пожарот во Битола: Со омразата кон нас, се палите самите себеси

Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифунов, се огласи на Фејсбук, откако беше обелоденето дека пејачот Ламбе Алабаковски е осомничен за палењето на влезната врата на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Трифунов, чија партија „Има таков народ“ е еден од четирите партнери во бугарската Влада и во која членува министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, а кои како партија тврдеа дека прашањето за Северна Македонија е нивната црвена линија за останување во Владата, сега упати остри критики на социјалните мрежи, истакнувајќи дека со овој потег, „Македонците се палат самите себеси“.

„Стана јасно кој е пироманот кој го запалил бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола. Станува збор за 34-годишен пејач по име Ламбе Алабаковски. Тој го признал делото. Во исто време, корисниците на социјалните мрежи во Северна Македонија почнаа да објавуваат фотографии со пораки: „И јас сум Ламбе Алабаковски! Beе ѕuіѕ Ламбе Алабаковски! Сите сме Ламбе, стоп за фашизмот“. Сега, од сета оваа гнасна историја, Северномакедонците, ако се паметни, сепак можат да извлечат сериозна лекција. Ќе ви кажам што е таа. Ламбе во раните утрински часови на 4 јуни отишол пред Бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“, и предизвикал пожар. Пожарот избувнал толку брзо што според пишувањата на медиумите во Северна Македонија, тој имал изгореници на рацете. Која е поуката, драги мои соседи од Северна Македонија? Поуката е дека со омразата кон нас се палите самите себеси“,напиша Трифунов на Фејсбук.

 

Back to top button
Close