Следува нагло затоплување – Следнава недела земјава ќе биде под првиот африкански бран за сезонава
Метео прогнозерот Славчо Поповски најавува дека во текот на следава седмица (2 јуни понеделник до 8 јуни недела), земјава ќе биде зафатена од топлотен бран.
Попвски вели дека максимумот на овој топлотен бран ќе биде средината на следната седмица, но дека ќе биде без екстремно високи температури на воздухот
Според најавите на Поповски, температурите ќе се искачат и над 30 степени Целзиусови, додека во Повардарието и над 35 степени Целзиусови.
Што се однесува пак до врнежите, следната седмица речиси и дека ќе ги немаме, односно, времето ќе биде многу постабилно и посуво, со многу повеќе сончеви периоди. Сепак, можни се сосема мали исклучоци, поточно, ќе има услови за повремено и сосема мало локално дестабилизирање на атмосферата, па така локално во нашата Македонија ќе има услови за сосема краткораен дожд