Лажен сертификат по англиски од „Јулија Цо. ЛТД“ чини 800 евра – посредник е државен службеник!
Инспектор во Управата за јавни приходи од еден град од внатрешноста на Македонија, набавил лажен ТОЕФЛ сертификат за неговата сопруга која била таксана за директорка, а кога бил распрашуван, на полицијата ѝ кажал дека посредникот преку кој го набавил сертификатот е државен службеник чие име и презиме заедно со државната Агенција во која работи – го навел, информира „Слободен печат“.
Начинот на предавање на сертификатот, како што тврдел тој пред полицијата, бил во Скопје – каде го чекало некое лице пред зградата на Министерството за економија и му го предало сертификатот.
Во фалсификуваниот таканаречен „извештај за тестираниот“ (test taker score report), злоупотребено е името на ETS, нивното лого во левиот горен агол. Потоа во левиот горен агол под логото, се наведува името, мејл адресата, полот, датумот на раѓање на „тестираниот“ заедно со земјата на раѓање, мајчиниот јазик, центарот во кој се извело тестирањето и државата каде се извело тестирањето. Во фалсификатите во кои имавме увид, како тест центар е наведена Фулбрајт комисијата, а како земја во која се наоѓа тест-центарот се наведува Бугарија. И покрај тоа што тест центарот наводно е во Бугарија на фалсификатот, сепак како држава во која се издава сертификатот се наведува Северна Македонија.
Во горниот десен агол од лажниот сертификат има фотографија која самите „нарачатели“ од Македонија ги праќале, а долу следуваат две табели со датумот на наводното тестирање кое никогаш не се случило. На скалата од 0 до 120 бодови, едниот кандидат од двата фалсификати пишува дека „освоил“ 75 бодови. Фалсификувани се и секциите од тестот – читање, слушање, зборување и пишување, каде се наведува дека кандидатот освоил по 23 бода на читање и слушање а 13 бодови на делот за зборување и 16 за пишување.
Најдолу на фалсификатот, исто како и на оригиналниот документ за резултатите од спроведеното тестирање, испишана е реченицата од заштитната марка на ТОЕФЛ. (Copyright by educational testing service all rights reserved ETS the ETS logo TOEFL and TOEFL iBT are registered trademarks of Educational testing service (ETS) in the United States and the other countries. My best is a trademark of ETS.
…