Словачки министер за одбрана: Украина пропушти шанса за поволен договор со Русија

Продолжувањето на вооружениот конфликт во Украина ќе ѝ нанесе уште поголема штета на земјата, оцени словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак во интервју за локалниот весник „Правда“.
– Колку подолго трае конфликтот, толку повеќе штета ќе ѝ нанесе на Украина, рече Калињак, оценувајќи дека Киев веднаш по почетокот на војната имал можност да постигне поповолен договор со Русија.
Според него, околностите во меѓувреме значително се промениле, а Европската Унија повеќе не располага ниту со финансиските, ниту со човечките ресурси потребни за продолжување на сеопфатната поддршка на Украина.
– Европа е уморна. Никој не сака да ги испраќа своите војници, а земјите-членки на ЕУ веќе се двоумат кога станува збор за понатамошното финансирање. Поради тоа, сè повеќе се зборува за користење на блокираниот руски имот“, истакна словачкиот министер за одбрана.






