Словенечката економија годинава ќе биде во минус

– Банката на Словенија предвидува дека економијата годинава ќе биде во минус, односно бруто домашниот производ (БДП) ќе падне за 6,5 отсто, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Причина за падот на економијата според банката е светската пандемија на коронавирусот што длабоко ќе се одрази на претежно извозно ориентираната индустрија на земјата.

По овогодишниот пад, за следната година се предвидува раст од 4,9 отсто, а се 2022 растот ќе изнесува 3,6 отсто.

– Падот на БДП во Словенија според проценката, е помал во споредба со предвидувањата на Европската централна банка, која предвидува економијата на унијата годинава во просек да опадне за 8,7 отсто, изјави Јозеф Брадешко вицегувернер на Банката на Словенија.

Back to top button
Close