Словенечката полиција ги истражува заканите кон политичарите

Словенечката полиција денеска потврди дека истражува поштенски пратки во кои на високи државни функционери и на заштитени лица им се упатувале смрт.ни закани.

Полицијата била известена за пет вакви пратки, сите со слична содржина, со непосредни смртни закани, а на сите е прикачен куршум за пушка, соопшти Стојан Белшак, од секторот на криминалистичка полиција во Љубљана.

Тој додаде дека истрагата се уште е во почетна фаза на прибирање информации кои треба да доведат до сторителот, а за други детали не може да зборува во интерес на истрагата.

Медиумите вчера објавија дека премиерот Јанез Јанша и министерот за одбрана Матеј Тонин добиле смртни закани на нивните домашни адреси, што подоцна беше и официјално потврдено.

Локалните медиуми денеска објавија дека, освен премиерот и министерот, предмети со исти закани и содржина добиле и две пратенички групи и еден пратеник, наводно претседателот на Словенечката национална партија (СНС), Змаго Јелинчич. .

Претставниците на неколку партии остро ги осудија како недозволиви сите форми на закани и насилство, а претседателот на парламентот Игор Зорчич ги повика сите политичари да бидат толерантни и умерени во комуникацијата.

Back to top button
Close