Словенечки хирурзи му отстраниле желудник на погрешен пациент, мислеле дека има рак

Во јануари на Институтот за онкологија во Љубљана бил опериран пациент, кому му беше изваден желудникот, иако немал рак, пренесе агенцијата СТА.

Словенечката агенција наведува, дека на пациентот му бил дијагностициран рак и дека му бил изваден желудникот.

Меѓутоа, неколку недели по операцијата, тој бил информиран дека неговата дијагноза е погрешна.

Се додава дека грешката настанала затоа што лекарот сменил примероци од двајца пациенти, што довело до операција на погрешен пациент.

Back to top button
Close