Словенечките пожарникари почнаа со гасење на пожарот на Готен
Тим пожарникари од Словенија денеска пристигна во земјава и почна да интервенира во гасењето на големиот шумски пожар на планината Готен. Екипажот заедно со 17 возила пристигна на градскиот стадион „Димитар Беровски“, каде што по поставувањето на оремата, почна со интервенција на опожарените места.

„Денес пристигнавме во Македонија за да одговориме на барањето за помош. Нашиот модул се состои од 61 член, од кои 42 се доброволни и професионални пожарникари, специјализирани за шумски пожари, а останатите служат за логистика и поддршка. Модулот има и 17 возила, од кои седум се специјализирани за шумски пожари“, изјави Шкрљ.

Шкрљ изрази надеж дека гасењето на пожарот ќе биде успешно.
Вчеравечер на скопскиот аеродром слета и хеликоптерот „блек хок“ од Чешка, кој во текот на денот е активно вклучен во гасењето на пожарот на Готен од беровска страна.
Помошта од Чешка и Словенија е резултат на активираниот ЕУ-механизам за цивилна заштита.
Извор: 360stepeni.mk