Словенечките трговци се против закон со кој во недела продавниците нема да работат

Словенечките трговци се се погласни во несогласувањето со предлог законот што предвидува недела да е неработен ден за продавниците, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Покрај здруженијата на трговците сега и сопствениците на помалите продавници се противат на ваквото решение.

Сопствениците на продавниците за сувенири сметаат дека ако им биде забрането да работат во недела, тоа ќе биде голем удар за нивниот бизнис. Дел од нов велат дека најголемиот промет им е за време на викендите, а ако не можат тогаш да работат ќе бидат принудени да ги затворат продавниците.

Поради овие причини тие бараат да бидат изземени од предлог Законот и да можат и понатаму да работат за време на викендите кога концентрацијата на туристи е убедливо најголема.

Инаку, овој Закон е веќе во собраниска процедура, а партиите од власта и опозицијата најавија дека ќе го поддржат.

Back to top button
Close