Случај „Куклица“: Дали полицајци законски апселе колеги полицајци
На 3 јуни главна вест во земјава беше лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој беше фатен во внатрешноста на кафеана, кога тие смееја да работат само со летните тераси. Па, остана во сенка драмата што се случуваше во Кратовско претходната ноќ.
„Група полицајци оставиле цело село без сон. Гласната музика и многу бучава ги вознемирила соседите. Напомош се вклучиле и специјалците од Единицата за брзо распоредување кои ги лишиле од слобода развеселените колеги поради непочитување на мерките за заштита од ковид-19“,објави ТВ Канал 5.
Веќе следниот ден случајот доби и партиско-политички контекст.
„Полицајците на Чулев директно ја прекршуваат забраната, односно не постапиле согласно здравствените прописи за време на епидемија“,обвини портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Седум месеци подоцна, пред камерата на „360 степени“, проговори и другата страна во приказната.
„Ние сме на приватен имот, ние не сме на јавни површини“,реагира еден од полицајците „славеници“.
Целиот текст можете да го прочитате на 360.мк