Случај „Незаконско следење“: Ниту дисциплински, ниту вонредни контроли

Ќе наврши речиси месец откако во јавноста повторно се појави темата за наводно незаконско следење јавни личности, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски како опозиционер, преку службите на Агенцијата за национална безбедност, пишува Бирн.

Сѐ тргна од брифинг во АНБ, на кој, директорот Бојан Христовски, на повиканите новинари им соопштил дека противправно биле користени ресурсите за следење на Агенцијата од 2019 до 2024 година.

Оттаму испратиле известувања до Обвинителството за гонење организиран криминал.

По нив Обвинителството објави дека со Агенцијата договориле за динамика на увид во списите.

Пред девет месеци, од собраниска говорница, Мицкоски се пожали за друг случај, дека агенти од Агенцијата за разузнавање незаконски го следеле него и неговото семејство.

За случајот сѐ уште нема отворено истрага и нема осомничени.

Во меѓувреме, пратениците со комбе отидоа да прават надзор врз работата на АНБ, но добија ограничени податоци зашто Обвинителството работело предистражна постапка.И додека Обвинителството истражува за да ја растера политичката магла за тоа дали и кој следел и прислушувал незаконски, БИРН открива дека за овој случај во Агенцијата за национална безбедност нема дисциплински постапки против вработени за незаконско постапување затоа што истекол законскиот рок.

Eдинствените повикани, пак, што може да направат дополнителни ненајавени контроли во АНБ, врховниот судија, кој е задолжен за мерките за следење, и државниот јавен обвинител тоа не го направиле.

Повеќе

Back to top button
Close