Случајот Парцели во Лисиче покажа дека Муцунски е ист како Арсовска, вели СДСМ
Случајот „Парцели во Лисиче“ покажа дека градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски е ист како скопската градоначалничка Данела Арсовска, едно зборува пред избори, а друго прави кога е на власт, реагира СДСМ.
„Муцунски пред изборите ветуваше зеленило, стоп на бетонизација, паркови, бришење маркици, а како градоначалник го прави спотивното – бетонизација, парцели за згради, уништување на зеленило. И Муцунски исто како Арсовска, троши стотици илјади евра за вработување на партиски кадри, додека со пет милиони евра сака да ја задолжи општина Аеродром, една од најбогатите општини во државата. Муцунски исто како Арсовска за една и пол година не реализираше ниту еден свој проект“, соопшти СДСМ.
Како Арсовска што ги разочара скопјани, додаваат од СДСМ, Муцунски ги разочара граѓаните на општина Аеродром.