Случај „Тенис“ во Германија: 650.000 луѓе назад во карантин
Германија во борбата против Ковид-19 се потпира на компетентноста на локалните власти. Во Гитерсло и Варендорф, овој концепт е ставен на сериозен и голем тест. Може ли да се спречи втор бран?
За првпат во борбата против пандемијата на Ковид-19, два цели окрузи во Германија се вратени во режим на карантин, каков што важеше на национално ниво, од март до мај. Станува збор за округот Гитерсло во покраината Северна Рајна-Вестфалија (НРВ) со 370.000 жители, споредлив по површина со главниот град Берлин со некои предградија, и округот Варендорф со 280.000 луѓе.
Причина е масовната појава на инфицирани во кланицата на компанијата „Тенис“ во Реда-Виденбрик во областа Гитерсло. Станува збор за најголемиот производител на месо во Европа. Според досегашните бројки, од 7.000 вработени во оваа фабрика, 1550 се позитивни на Ковид-19. Фабриката беше затворена, вработените беа испратени во двонеделен домашен карантин.
Како можеше да се појави овј кластер се истражува во моментов. Процесот на инфицирање мора да бил активен со недели, политичарот и здравствен експерт Карл Лаутербах.
Забрана за контакти, но не и за напуштање на окрузите
Музеите, базените и спортските клубови мора повторно да затворат. Контакти со луѓе надвор од сопственото домаќинство не смее да има. Училиштата и градинките остануваат затворени. Но, патувањето и и одењето на годишен одмор остануваат дозволени, рече премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, при објавувањето на мерките. Забрана за излегување од окрузите не е воведена. Сите заштитни мерки важат само за округот. Секој што ќе ги напушти е засегнат само од општите ограничувања во Германија.
извор: Дв