Служба за цивилно воздухопловство на Грција: Масовно попречување на фреквенциите во воздушниот простор

На 4 јануари 2026 година, во 08:59 часот по локално време, Службата се соочи со масовно попречување на речиси сите фреквенции што го опслужуваат F.I.R. Атина (воздушниот простор на Грција), а истовремено беше забележан пад на комуникациските линии HELLAS COM, како и на телефонските линии за оперативна комуникација, соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на Грција во однос на проблемот поради кој беше во прекин авиосообраќајот во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од службата посочија дека станува збор за досега невиден случај „и поради масовноста и поради географскиот опсег и временската упорност“.

Објаснија дека „шумот“ што бил забележан на фреквенциите имал форма на континуирано емитување, а инженерите во координација со техничарите од телекомуникациска компанија веднаш вложиле напори за лоцирање и отстранување на проблемот.

Веднаш била свикан и тимот за управување со кризи, кој е во постојана координација и соработка со надворешни институции и со европска организација за координација на воздушниот сообраќај EUROCONTROL за оптимално управување со F.I.R. Атина.

Дополнително, била издадена наредба специјално опремен авион на службата итно да полета, со учество на инженери и специјален техничар за од воздух да се истражат попречувањата.

За безбедноста на летовите и постепено се нормализирање на воздушниот сообраќај првично се опслужуваа 35 полетување и слетувања на час, бројка што од 16 часот по локално време беше зголемена на 45 авиони на час.“

Поради проблемите, неколку часа беше во прекин воздушниот сообраќај во Грција.

Back to top button
Close