Сменета шефицата на американската воена база на Гренланд бидејќи не го поддржува Трамп
Шефицата на американската воена база на Гренланд е сменета поради испраќање електронска пошта до персоналот, при што изразила поддршка за Гренланд како дел од Данска.
Така наречените „Американски вселенски сили“ денеска соопштија дека полковникот Сузан Мејерс е сменета од позицијата командант на базата Питуфик на Гренланд поради „губење на довербата во нејзината способност да води“.
– Од командантите се очекува да се придржуваат до највисоките стандарди на однесување, особено кога станува збор за непристрасно извршување на нивните должности“, се наведува во соопштението.
Гренланд е територија на Данска, која е НАТО сојузник на САД. Но, Трамп сака да ја анектира таа територија, тврдејќи дека е неопходна за националната безбедност