Сменетиот перуански „претседател на сиромашните“ осуден на 11,5 години затвор

Перуански суд денеска го осуди поранешниот левичарски претседател Педро Кастиљо на 11 и пол години затвор за обид за распуштање на Конгресот и владеење со декрет, објавија агенциите.

Во Перу нарекуван „претседател на сиромашните“, пред се, поради неговото скромно потекло,Кастилјо како поранешен рурален учител кој никогаш претходно не извршувал изборна функција, со импичмент беше отповикан во законодавното тело откако се обиде да ја преземе власта.

За време на неговото 16-месечно владеење, тој постојано се судираше со Конгресот во кој доминираше опозицијата

Back to top button
Close