СМРДЛИВ ЗАЛАК

Уставните измени не се обична математичка операција за собирање 80 гласа. Можеби и ќе се убедат пратениците да гласаат. Со разговори, со преговори, со притисок, со поткуп, со награда, со закани, со ослободување од кривично гонење, со амбасадорски места… Тој филм веќе сме го гледале. И сме виделе колку се принципиелни македонските политичари.

Проблемот е како да се убеди јавноста дека тие уставни измени ќе донесат добро за сите. Со кој образ владејачките СДСМ и ДУИ ќе излезат пред нас да ни кажат дека со уставните измени ќе ни биде подобро, а те гледаат в очи, те крадат и ти се смеат? И со кој образ ВМРО-ДПМНЕ ќе нè убедува дека со нив ќе биде подобро, кога крадат на локално ниво, а за 11-годишниот грабеж ниту се извинија, ниту се оградија? Башка, ни в затвор никој не отиде.

Само уште Бугарите во Уставот да влезат и веднаш ќе се смени начинот на владеење. Со истите лидери, истите партии и истотото нечесно практикување власт.

Од сите добри причини што можеше да ги наброи Аналена Бербок зошто мора да се направат уставни измени што поскоро, таа ја најде најнесоодветната. Рече: „уставните промени треба да ги направите ако не сакате младите да си заминат“.

Божем, младите си заминуваат од Македонија оти ги нема Бугарите во Преамбулата.

5„Ние не сме воз, туку ураган. Не одете пред ураганот, ќе ве згази“, рече Али Ахмети на европскиот митинг на ДУИ во Чаир.

Истиот ден од Македонски железници стигна декрет дека на пругата Скопје-Велес брзината на возовите се ограничува на максимум 20 км на час.

Брзај полека. На патот кон ЕУ.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК МК

Back to top button
Close