Смртно прегазен велосипедист на мостот Гоце Делчев
Прегазен велосипедист на мостот Гоце Делчев во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патничко возило марка „Пасат“ со скопски регистерски таблички и велосипедистот, кој починал на самото место.
“Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот. Во тек е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот”, известуваат од МВР.






