СМС за итно предупредување поради интензивни врнежи од снег, испрати српскиот Хидрометеоролошки завод

Српскиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) денеска соопшти дека е активиран системот за испраќање СМС информации за итни случаи до граѓаните поради леден дожд што се очекува од 5 до 7 јануари во Срем, Белград, Јужен Банат, Поморавље, источна, западна и делови од југозападна Србија.

Во итното предупредување, наведено е дека се очекуваат многу опасни услови за возење во наведените подрачја и ги советуваат граѓаните да не тргнуваат на пат без поголема потреба како и да се подготват за можни прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Според податоците на РХМЗ, во Белград паѓа снег, а паѓа и во Нови Сад, Зрењанин, Сремска Митровица и Ваљево. Се очекува формирање или зголемување на снежната покривка да биде од 10 до 20 сантиметри, а локално и повеќе. Градскиот превоз во Белград се одвива со големи проблеми.

ЈП „Патишта на Србија“ апелира до сите учесници во сообраќајот да не тргнуваат на пат без задолжителна зимска опрема освен ако е апсолутно неопходно, а доколку тргнат на пат да бидат особено внимателни поради лоши временски услови, да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го прилагодат своето возење на условите на патот.  Засега автопатиштата и сите државни патишта од прв и втор ред, како и приодите кон граничните премини и планинските центри се проодни за сообраќај.

Авиокомпанијата Ер Србија објави на социјалните мрежи дека снежните врнежи може да имаат влијание врз авиосообраќајот и дека нивните служби прават се за да ја зачуваат редовноста.

Back to top button
Close