Снег на Плетвар, апел за внимателно возење

 

Во моментов врне снег на планинскиот превој Плетвар, затоа се препорачува внимателно возење.
„Поради заладување на висина, во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а и во некои од пониските места главно во западните делови. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а мала снежна покривка ќе се формира и на повисоките места во западните делови“, најави Управата за хидрометеоролошки работи за вечерва.

За утре, пак, прогнозите велат дека во утринските часови на места ќе провејува снег, а во текот на денот ќе нѐ очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Екипите на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Скопје соопштија дека ја следат состојбата на сите патни правци и планински превои низ државата.

„Навремено се превземени превентивни мерки со опесочување на сите делници на кои се очекуваат ниски температури и врнежи од снег“, соопштија од „Македонија пат”.

Воедно упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да носат и користат зимска опрема и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.

Првиот снег за оваа сезона падна на 6 ноември, на врвот Пелистер на планината Баба.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close