Снимањето на серијата „Круна“ продолжува во јули

– Снимањето на петтата сезона на популарната серија на Нетфликс – „Круна“ (The Crown) ќе почне во јули оваа година, објави „Варајети“.

Во новата сезона, други глумци ќе ги преземат улогите на кралското семејство. Ликот на принцезата Дијана ќе ја глуми ѕвездата од филмот „Тенет“ – Елизабет Дебицки, принцот Чарлс – Доминик Вест, а кралицата Елизабета Втора – Имелда Стонтон. Улогата на принцезата Маргарет ќе ја преземе Лесли Манвил.

Продуцентите на серијата се надеваат дека состојбата со пандемијата на коронавирусот во Велика Британија ќе се стабилизира до јули. Но, тие секако планираат да снимаат придржувајќи се на строгите епидемиолошки правила. Првата сезона на серијата „Круната“ беше премиерно прикажана 2016 година. До 2020 година, на платформата Нетфликс имаше четири сезони.

Back to top button
Close