Снимки од движењето на ,,цитроенот” пред зградата каде што беше грабната Вања

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, обвинителството презентираше снимки од околните камери кои се наоѓале во близина на зградата во кое живеело девојчето.

На снимки од надзорните камери на хотелот, кој се наоѓа на неколку чекори од домот на Ѓорчевски, се гледа возилото „цитроен“ со кое Вања беше киднапирана од влезот на нејзината зграда.

-Во 6:37 минути се забележува возилото ,,цитроен” како поминува покрај ,,Сити парк”, и врти во десно. Второто видео е од камера која што гледа на паркингот до булевар кон Илинденска, а на крајот на паркингот се наоѓа зградата од каде е грабнато детето. Вo 6:37 минути се гледа како возилото ,,цитроен” свртува во десно, подзапира, и потоа продолжува со движење право по паркингот, кон зградата на оштетеното дете, кажа обвинителката.

Потоа, беше презентирана снимка од надзорна камера поставена на фризерско студио. Станува збор за снимка која додека се трагало по Вања, нејзиниот татко Александар Ѓорчевски ја испратил на началникот од МВР, Дејан Димовски, посочувајќи му дека нешто му е чудно поврзано со движењето на возилото.

-Во 7 часот 29 минути на ден (27.11.2023) се гледа како поминува возилото ,,цитроен”. Ова е всушност е времето кога е извршено грабнувањето, ова е улицата Наум Наумовски Борче. Во само во една минута може да се забележи дека поминуваат околу 10-тина возила пред да помине ,,цитрорнот”. Во само четири минути понапред, од она што го гледаше Oбвинителството, поминуваат 26 возила. Откако поминува ,,цитроенот”, во истата минута поминуваат возила на секои 30 секунди, рече обвинителката.

Оттука не е јасно зошто баш возилото ,,цитроен”, од толку многу возила, му ,,паднало во очи” на таткото на Вања. (fokus.mk)

Back to top button
Close