Снопче со „поздрав“ по повод 2 Август до премиерот Мицкоски: Државата се гради со работа, не со зборови за аплауз

Пратеникот на Алијанса за Албанците, Халил Снопче, ја искористи прославата на Илинден за да му испрати јасна порака на премиерот Христијан Мицкоски, по неговите последни изјави во Собранието.

„Поздрав до премиерот Мицкоски по повод 2 Август! Ова е дел од мојот говор во Собранието – на вашиот мајчин јазик, македонски – не на јазикот на оние што вие ги спомнавте од истата говорница, за што добивте аплауз од пратениците на ВМРО,“ истакна Снопче.

Тој ја критикуваше употребата на говорот од страна на премиерот, велејќи дека не чувствува никаква обврска да го цитира, поради неприфатливиот речник кој беше користен. Наместо тоа, Снопче го повика Мицкоски да се фокусира на конкретна работа за ослободување на државата од заробеноста, како единствена можност за создавање вистинска перспектива.

„Доста со зборови за моментален ефект – ангажирај се со дела за држава која им служи на граѓаните, а не на моќниците,“ заврши Снопче.

Back to top button
Close