Со 220 милиони долари БП влегува во американски развојни проекти за соларна енергија

Нафтената компанија БП  ги зголеми своите инвестиции во обновливи извори на енергија во САД со купување соларни проекти од развојната компанија 7Х Енергија за 220 милиони долари, соопштија од БП.

Договорот за откуп на капацитет за производство од  девет гигавати претставува прва независна инвестиција на БП во соларна енергија откако купи удел во најголемиот развивач на соларна енергија во Европа, Лајтсурс, во 2017 година.

БП соопшти зделката ќе се ќе се развива преку заедничко вложување со „Лајтсорс БП“.

Стекнатите проекти се распространети низ 12 држави во САД, а најголемиот дел од портфолиото се наоѓа во Тексас и Средниот Запад, соопшти БП.

Во една од најамбициозните стратегии во енергетскиот сектор, БП планира да го намали производството на нафта за 40 проценти и да го зајакне бизнисот со обновлива енергија до 20 пати до 2030 година.

Back to top button
Close