Со 229 километри на час возел на автопатот Куманово-Скопје -Велес

Од МВР информираат дека вчера биле казнети 191 возач кои на автопатот Куманово-Скопје-Велес возеле со брзина над дозволената, а тројца од нив со над 70 километри на час над дозволената брзина, од кои еден се движел со дури 229 километри на час.

-Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 191 возило. Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Back to top button
Close