Соња која доброволно се пријавила за помош на Инфективна клиника

Министерството за здравство во текот на денот информираше дека во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19 .

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15, а 7 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Соња Христовска се огласи на социјалните мрежи каде што сподели статус на својот профил на Фејсбук, а во истиот напиша:

Почитувани ФБ пријатели,

„Ви пишувам директно од местото на настанот – Инфективна клиника. Доброволно се пријавив да помогнам на персоналот, кој веќе е исцрпен и работи со последните резерви.

Имам многу работи видено, но ова што се случува на Инфективно нема збор да се опише. Пациентите се борат за воздух… значи, за воздух.

Човек умира на раце и моли за кислород. Секој дава сѐ од себе, терапија до вселената. Колку човек и да е отпорен, не може да не потклекне и да не се соживее.

Глетката и плачот на семејствата немаат цена, а нема ден да помине без смр тен случај. Тешко е…многу е тешко…но, има некоја волшебна енергија која дава сила.

Сите работат како допрва да треба да се докажуваат за вработување. Премногу се вредни, сплотени, единствени, човечни. Генијални се.

П.С. Само овде денот трае подолго од 24 часа. Се поклонувам пред персоналот кој не знае во кој круг на пеколот се наоѓа. Моето срце чука заедно со вашите.“

Back to top button
Close