Со Англија ќе играме на нова тревна површина, сменета по 11 години

Националната арена „Тодор Проески” е подготвенa за фудбалскиот натпревар во понеделник на Македонија со репрезентацијата на Англија со целосна промена на тревната површина, објави  АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

„Гостите од странство ќе ги пречекаме  на терен кој е во согласност со највисоките стандарди на  УЕФА и ФИФА и е еднаков на условите коишто ги обезбедуваат најголемиот дел од европските стадиони“, изјави директорот Зоран Георгиев

Донацијата на теренот е направена од Фудбалската федерација на Макеоднија, а станува збор за хибридна  трева чии карактеристики гарантираат одличен квалитет, односно рок на траење од 8-10 години, како и зголемен степен на нејзината експлоатираност.

На него ќе може да се игра на температура од -20 до + 40 степени, а снегот и дождот нема да претставуваат дополнителен проблем бидејќи теренот има и систем за греење. Целосната ревитализација на тревната површина, покрај низа  пропратни елементи опфаќа и надградба на системот на наводнување,како и поставување нови голови.

Инаку целосна промена на тревата последен пат е направена пред 11 години.

Back to top button
Close