Со „бмв“ удрил малолетна девојка во Скопје па избегал

 28-годишниот Ш.Ф. од Скопје со своето „бмв“ удрил во малолетно девојче, а потоа избегал од местото.

-Вчера во 18.10 чaсот на ул.„Лазар Трповски“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ф.(28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на незгодата. Малолетничката била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде од лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, велат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Back to top button
Close