Со добра кампања и верба, не е невозможно да освоиме 61 пратеник – вели Муцунски

„Немаше ниту една анкета која велеше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има повеќе од 40 градоначалници. Некогаш се случуваат бранови на масовна поддршка. Во моментот има услови за такво нешто. Но, тоа зависи примарно од нас како политичка партија. Граѓаните, во принцип, често се имаат определно за кого ќе гласаат и пред да почне кампањата или имаат став дека веројатно ќе гласаат за некој политички субјект или кандидат. Но, ние сега имаме можност со добра кампања, примарно би рекол, ако е возможно, со сто проценти позитивна кампања, да им понудиме на граѓаните надеж. Бидејќи тоа недостасува во нашето општество. Има доза на песимизам кај одредени луѓе кога ќе речеме 61 пратеник, но верувам дека со верба, со добра кампања, канидати и програма, не е невозможно“,вели Муцунски.

Независно од малата разлика во бројот на собрани потписи меѓу Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски вчера, Муцунски очекува кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ да води по првиот круг со сто илјади гласа разлика бидејќи, како што оценува, разочарувањето од СДСМ е големо на национално ниво. Но, и да не се реализираат партиските прогнози на ВМРО-ДПМНЕ за исходот од првиот круг на претседателските избори, тоа нема да претставува симболичен пораз за партијата, вели Муцунски.

„Ќе има големо водство и мојата проценка е дека таа разлика ќе биде околу сто илјади гласови, ако не и повеќе. Но, не мислам дека ќе биде морален или симболичен пораз било каков различен резултат. Најсилната слика граѓаните ќе ја добијат во следните месец дена, за какви кандидати се работи. Пендаровски и Силјановска-Давкова се антиподи. За Пендаровски може да процениме какво било неговото работење бидејќи речиси пет години е претседател на држава, но професорката Силјановска-Давкова е веќе четири години пратеник во Собранието. Граѓаните веќе создале став, а во текот на кампањата дополнително ќе се потврди и врз основа на сето тоа ќе произлезе токму таква разлика каква што претседателот Мицкоски наведе“,вели Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Back to top button
Close