Со ДПМНЕ може само враќање назад во режим, изолација и апсење новинари, велат од СДСМ

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во режим и изолација.ДПМНЕ за само два месеци на чело на МВР јасно покажа дека има намера со сила да владее, доколку ја добие власта, обвинија од СДСМ.

„ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО и брутално го уапси новинарот Фуркан Салиу, во обид за замолчување и заплашување, откако објави афера директно поврзана со ДПМНЕ. Деновиве беше нападната и новинарска екипа на ТВ24 на партиски митинг на ДПМНЕ.

Исто како во времето на режимот, ДПМНЕ напаѓаат и навредуваат новинари, монтираат анкети, јавниот сервис го користат како месен комитет на партијата, ја загрозуваат демократија, слободата на говорот.

Нападите на новинарите и злоупотребите на медиумите го покажуваат вистинското лице на Мицкоски и неговата партија. ДПМНЕ, нема план, ни понуда за иднината, го блокира европскиот пат на државата.

Од друга страна СДСМ има јасна визија и план за европска иднина, план за завршување на преговорите и членство во ЕУ до 2030 година. Граѓаните знаат дека гласот за СДСМ е глас за Европа, глас за слобода и демократија“ порачаа од владејачката партија

Back to top button
Close