Со дрскоста, агресивноста и непристојноста, носителката во ИЕ6 од ВМРО-ДПМНЕ е се само не фина

Пратеничката, која ја оправдала довербата на Груевски и која жали што не успеал до крај упадот на 27 април во Собранието, Дафина Јованоска-Стојаноска ќе биде носителка во Изборната единица 6 од ВМРО-ДПМНЕ. На јавноста Јованоска-Стојаноска им е позната како се, само не фина, препознатлива по нејзиниот дрзок и безобразен речник, како и начинот на говорење полн со навреди, провокации и вербални инциденти, по кои глуми жртва.

Таа е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, а во 2010 е избрана за секретарка на Унијата на жени на партијата. Во 2013 година на локалните избори е носител на советничката листа и станува координаторка на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Гостивар. Во 2015 добива партиско унапредување и во екот на „Вистината за Македонија“, таа е ибрана за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ под раководство на Груевски, а следната 2016 година добива место и на партиската листа за пратеници и влегува во Собранието. Во 2017 година, од позиција на пратеничка се кандидира за градоначалничка на Гостивар, но губи уште во првиот круг. Дрска, агресивна и непристојна Нејзините говори во Собранието, но и јавните настапи во дебатите се болни со вулгарности, навредливо однесување и глумење жртва. Таа користи уличен речник и вулгарности со цел да предизвика реакција од нејзиниот соговрник, а често коментира и за физчкиот изглед на своите политички противници.

Нејзините хистерични напади се доста чести во Собранието, а откако некој од спротивниот табор ќе одговори на нејзините провокации, тогаш таа често знае да глуми жртва и дека била мета на критики. Станови во Скопје и рекорди во наплата на патни трошоци Дафина Јованоска-Стојаноска е највпечатливата пратеничка во Собранието по наплатата на патни трошоци.

Во 11 месеци во 2022 година таа наплатила 365 илјади денари за патни трошоци на релација Гостивар-Скопје-Гостивар, иако во нејзиниот имотен лист има пријавено четири станови во главниот град. Становите кои ги има пријавено во имотниот лист се водат на нејзиното семјество. Три од становите се од 50 метри квадратни, а еден е 30 метри квадратни. Срамниот 27 април за неа е 4 македонски Илинден Јованоска-Стојаноска е ревносен следбеник на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и подносителка на Законот за амнестија на осудените од 27 април.

Една од нејзините јавно искажани тези кои имаат најмалку допирна точка со реалноста е таа дека случувањата на 27 април биле оркестрирани од СДСМ, бидејќи само тие имале бенефит. Во нејзиниот говор во Собранието за Законот за амнестија на осуденти од 27 април таа изјавува дека на тој 27 април „запрел само животот на гордниот и голем четврт маедонски Илинден“, додавајќи дека тогаш умрела демокартијата во Македонија.

Во нејзините јавни настапи поврзани со 27 април често од нејзината уста излегуваат и клетви и закани. Обраќајќи се кон пратениците од СДСМ таа се заканува дека по промена на власта македонските судови ќе носат одлуки против нив и дека „лузните“ од затворените насилници ќе ги печат и нив и нивните внуци. Дафина Јованоска-Стојаноска како носителка на листа на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден знак на опозицијата дека тие немаат интерес да градат кохезивно општество и држава која ќе се движи кон Европската Унија, туку сакаат доаѓање на власт и со ниски удари и навреди да се одржуваат на власт.

Дополнителен факт кон тоа е што Јованоска-Стојаноска во нејзините настапи покажува и непознавање на европските институции и процедури, но го повторува ставот на партијата протви уставните измени „по бугарски диктат“ и дека е за гаранции од ЕУ. За неа не е доволно тоа што го стори Бундесатот или Сенатот бидејќи тоа биле незадолжителни резолуции. Интересно е дека наместо од Евроскиот Совет, таа бара гаранции да даде Советот на Европа, што е класично непознавање на европските институции.

Back to top button
Close