Со гаранција од речиси 5 милиони евра Борче Марковски е пуштен од притвор

Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски, е пуштен од притвор, дознава Телма. Неофицијално, гаранцијата што ја дал за да не бега изнесува речиси 5 милиони евра и вклучува куќа со двор во Битола и три стана, исто така во Битола, сопственост на „Марковски компани“. Како движен имот се водат и 25 булдожери и камиони, кои се исто така дел од фирмата.

Одлуката ја донел Основниот суд во Битола, иако претходно битолското обвинителство се изјаснило негативно на неговото барање. Судот му определил мерки на претпазливост – Борче Марковски еднаш неделно треба да се јавува во судот, а привремено му е одземен пасошот.

Од обвинителството за Телма ја потврдуваат информацијата и додаваат дека поднеле приговор во однос на надлежноста на Кривичниот совет, сметајќи дека одлука треба да донесе Апелацискиот суд.

Back to top button
Close