Со гасен пиштол и нож нападнале работници во Бутел на гробно место, бидејќи се обиделе да ги спречат во кражба

Полицијата лиши од слобода три лица кои вчера физички нападнале и повредиле двајца вработени во АД „Бутел“ на гробиштата во Бутел.

Како што информираат од МВР, на 07.04.2026 година во 13:40 и 19:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје, поради сомнение дека околу 12:40 часот извршиле напад врз Е.Д.(51) и М.Д.(54).

 

— реклама —

 

Според информациите, инцидентот се случил во близина на едно гробно место, каде вработените ги забележале осомничените, кои од претходно им биле познати како извршители на „тешки кражби“. Откако ги предупредиле дека ќе повикаат полиција, биле нападнати.

 

— реклама —

 

Во нападот, осомничените употребиле гасен пиштол, како и ладно оружје – боксирач и нож, при што двајцата вработени се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“.

Тројцата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава објави Скопје1.мк

Back to top button
Close