Со истрагата на УФП за РЕК опфатени се 8 осомничени, за случај „тежок“ 106 милиони евра

Управата за финансиска полиција денеска спроведе акција со која се опфатени вкупно 8 лица, од кои Борче Марковски сопственик на „Марковски Компани ДООЕЛ“ од Битола, како и неколкумина технички директори на РЕК, пренесе „Фокус“.

Шестмина од осомничените се обезбедени, и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а за двајца веќе има мерки на претпазливост, бидејќи се осомничени и во друг предмет.

Станува збор за предмет „тежок“ 106 милиони евра, поврзан со местење на тендер.

Компанијата „Марковски Компани ДООЕЛ“, стана најпозната по своите милионски договори со РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во државата. Марковски во јавноста е познат и како почесен конзул на Белорусија во Македонија.

Во текот на денот се очекува и соопштение од Управата за финансиска полиција, од каде што акцијата ја реализираат во соработка со битолското обвинителство

Back to top button
Close