Со изборот на Пенов, издиша уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ за ново мнозинство, велат од СДСМ

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е стабилно, велат од владејачката партија

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов и лидерот на ДУИ Али Ахмети

Со изборот на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа денеска издиша уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, овој пат за ново парламентарно мнозинство, велат од владејачкиот СДСМ откако на собраниска седница 63 пратеници гласаа „за“ овој предлог.

„Со денешното гласање, издиша уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за наводно ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Со месеци Мицкоски ги лаже граѓаните, го лаже членството дека само што не направил ново мнозинство и не формирал нова Влада. Во реалноста нема и нема да има ништо од тоа. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е стабилно, посветено на работа во интерес на граѓаните и носење на потребните законски решенија важни за преговарачкиот процес со ЕУ и за напредокот на државата“,велат од СДСМ.

Пенов за нов министер за локална самоуправа беше изгласан по три дена собраниска расправа. Наспроти 63 гласа „за“, а „против“ гласаа 30 пратеници.

Back to top button
Close