Со изведување на докази од обинителство продолжува судењето за предметот „Шпански скали“

Судењето за „Меѓународен сојуз“ одложено за 21 јули, Ременски бара изземање на обвинителката Русковска - МИА

 Со изведување на докази од обвинителството, во Основниот кривичен суд Скопје, денеска продолжува судењето за предметот „Шпански скали“ во кој се обвинети поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и десетина други, меѓу кои службеници, нотари и бизнисмени.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска – Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат за кривично дело злоупотреба на службената положба, при што со незаконска продажба на парцелите пред зградата на ЕВН, на плоштадот во Скопје, ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Застапник на обвинението е обвинителот Ивана Трајчева, а случајот го води судијата Владимир Туфегџиќ.

Back to top button
Close