Со Ковид-19 во светот досега се заразени над 8 милиони, починаа половина милион луѓе

 

Според последните податоци, во светот, со коронавирус досега се заразени 8.186.800. Од нив починале 441.229, а оздравеле 4.268.190 луѓе.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти дека во изминатите 24 часа не се регистрирани нови случаи на Ковид-19, па бројката на заразени остана иста, 985 лица.

– Според податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција во изминатите 24 часа е регистриран еден смртен случај и 15 нови позитивни лица на Ковид-19. Вкупниот број на починати се зголеми на 185 лица, а заразени се 3.148 лица.

– Бројот на заразени со коронавирус во Русија се проближува до бројката од 550.000. Во изминатите 24 часа во земјата се потврдени 8.248 нови случаи на Ковид-19. Починати се уште 193 лица, со што вкупниот број достигна 7.284.

– Во Косово вчера се потврдени 129 новозаболени од Ковид-19 и десетмина излекувани, а денеска е забележана и една нова жртва на епидемијата – 74-годишна жена од Ораховац. Вкупно, од почетокот на пандемијата евидентирани се 1.615 позитивни на новиот коронавирус, од кои 963 излекувани и 34 починати, така што бројката на активни заболени, според последните официјални статистики, изнесува 618. Во лабораторијата за микробилогија на Институтот за јавно здравство на Косово вчера се извршени 385, а од почетокот на пандемијата, вкупно 18.915 тестирања.

– Во Словенија во последните 24 часа има уште три лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број во земјата достигна 1.499. Нови смртни случаи нема уште од 1 јуни и бројката изнесува 109 починати.

– Во последното деноноќие во Австрија значително се зголеми бројот на новозаразени со коронавирус, бидејќи се регистрирани 54 нови случаи. Во однос на претходните 24 часа бројката е речиси двојно поголема. Бројот на починати лица се зголеми за три и досега достигна 681. Од почетокот на епидемијата се потврдени 17.189 инфицирани лица со Ковид-19.

– Во Индија во последните 24 часа се потврдени 10.667 нови случаи на коронавирус и сега вкупниот број на заразени достигна 343.091 лице. Индиското Министерство за здравство соопшти дека од Ковид-19 починале уште 380 луѓе, па вкупниот број изнесува 9.900. Најголем број случаи на коронавирус е забележан во Њу Делхи.

– Во Албанија расте бројот на новозаразени, на оздравени, но и на починати лица од Ковид-19. Во изминатото деноноќие регистрани се 82 позитивни случаи, што е најголема бројка на новозаразени досега во едно деноноќие. Во исто време оздравени се девет лица а борбата со опасниот вирус ја загубил 68-годишен жител на Пук, кој боледувал и од други болести а на респираторна машина бил неколку дена. Од почетокот на пандемијата во лабораторијата за вирологија при Институтот за јавно здравје направени се 21.177 тестови. Позитивни на вирусот биле 1.672 лица, од нив излекувани се 1.064, починале 37 додека активни на болеста се 571. Болнички се лекуваат 50 пациенти, од нив осум се на интензивна терапија додека двајца поставени се на респираторна машина.

– Во Кина се потврдени 40 нови случаи на коронавирус, од нив 27 во Пекинг, соопштија здравствените власти. Во Пекинг повторно се воведуваат строги мерки со цел да се спречи новиот бран на епидемија, кој започна на пазарот Ксинфади. Владите во многу кинески покраини воведоа карантин за посетителите од Пекинг.

– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Мексико достигна 150.254, откако во последните 24 часа се регистрирани уште 3.427 инфицирани. Од Ковид-19 починаа уште 439 луѓе, а вкупниот број на смртни случаи достигна 17.580.

– Бројот на заразени со коронавирус во Турција продолжува да расте, неколку недели откако земјата ги ублажи рестриктивните мерки, воведени поради пандемијата на Ковид-19. Во последните 24 часа се забележани уште 1.592 случаја на коронавирус, што е за 30 отсто повеќе од неделата. Од коронавирус во земјата досега се заразени 178.831 лице. Осумнаесет лица починаа во последното деноноќие, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 4.825.

– Во Бразил во последните 24 часа се потврдени над 20.000 новозаразени со Ковид-19, по четири дена намалување на бројот на инфицирани. Вкупниот број достигна 888.271. Починаа уште 627 луѓе, па со тоа бројот на смртни случаи достигна 43.332 лица. Бразил по бројот на заразени и починати од Ковид-19 се наоѓа на второ место во светот, по САД.

Back to top button
Close