Со македонски пасош без визи може да се патува во 129 земји во светот
За првпат во историјата на индексот на пасоши, на листата на најмоќни пасоши во светот веќе не е пасошот на Соединетите Американски Држави (САД).
Падна на 12. место во најновиот извештај, каде го дели месото со Малезија
Македонскиот пасош е рангиран на 42. место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година на „Хенли енд партнерс“. Со него без визи може да се патува во 129 земји во светот.
Земјава бележи напредок од три позиции во однос на лани, кога беше позиционирана на 45. место.
С Македонија го дели 42. место со Самоа и со Тонга.
Рангирање на пасошот на С Македонија низ годините / Извор: „Хенли енд партнерс“
По првпат во историјата на индексот на пасоши „Хенли енд партнерс“, на листата на најмоќни пасоши во светот веќе не е пасошот на Соединетите Американски Држави (САД). САД падна на 12. место во најновиот извештај, каде го дели месото со Малезија.
На врвот на листата на „Хенли енд партнерс“ се сингапурскиот, јужнокорејскиот, јапонскиот, германскиот, италијанскиот, луксембуршкиот, шпанскиот, швајцарскиот, австрискиот, белгискиот, данскиот, финскиот, францускиот, холандскиот, грчкиот и други.
На дното, пак, се патните исправи на Ирак, Сирија и Авганистан.
Со пасошот на Сингапур може да се патува на 193 места во светот без виза. По Сингапур следуваат Јужна Кореја со 190 и Јапонија со 189.
Од земјите од регионот, грчкиот пасош се најде на петтата позиција со 186 држави во кои може да се влезе без виза, Хрватска се најде на осмото место со 184. Пасошот на Албанија е на 47. позиција со 122 земји во кои може да се влезе без виза, а местото го дели со пасошот на Босна и Херцеговина.
Пасошот на Косово е на 65. место, додека српскиот на 36. место. Бугарската патна исправа се најде на 14. место.
Индексот на „Хенли енд партнерс“ е оригинално, авторитативно рангирање на сите пасоши во светот според бројот на дестинации на кои нивните сопственици можат да влезат без виза.
Индексот се заснова на ексклузивни податоци од Меѓународната асоцијација на воздушен транспорт (ИАТА).