Со механизација се расчистуваат од шут плажите на охридското крајбрежје

Механизација на охридските јавни претпријатија од денеска почнаа со активности за отстранување градежниот шут од плажите долж крајбрежјето на Охридското Езеро каде изминатата седмица беше спроведена акција за отстранување на урбана опрема.

Прво ќе е работи на потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“, од каде ќе се собира градежниот шут и несоодветниот материјал (тампон), со кој било вршено насипување на крајбрежјето. Досега се подигнати повеќе од илјада метри кубни најразличен градежен материјал.

Од Општина Охрид апелираат до сопствениците на објекти на крајбрежниот појас од населбата „Свети Стефан“ до потегот на крајбрежјето кај „Градиште“, како и потегот на крајбрежјето во делот на населбата „Канео“ и во делот на населбата „Далјан“ кои нелегално поставиле урбана опрема и платформи, а на кои им беше даден рок самите да ги отстранат нелегалните градби, оваа седмица да пристапат кон отстранување на истите.

Според најавите од Општина Охрид, процесот на отстранување на урбаната опрема и бесправните градби од крајбрежниот појас на Охридското Езеро ќе продолжи по завршување на активностите на уредување, со нагласок оти активностите на терен ќе траат се до конечно расчистување на крајбрежјето. /

Back to top button
Close