Со месеци се без плата – вработените во пералната на Клинички оставени на милост и немилост
Жаклина Блажевска, 24 години вработена во Клиничка централна перална. Вели 11 месеци сум без плата, пренесе Фокус.

„Клинички ги пере алиштата на друго место, ние останавме без работа. Бевме и кај директорот и кај министерот, ни рекоа дека се чека само за потпис. Чекаме и се надеваме дека ќе се најде некое решение“ вели таа.
„Ние за време на ковид цело време работевме, сите клиники ги носеа алиштата ги перевме тука. Работевме и работиме за пациентите, за нив се бориме. Веќе не може да се издржи без пари, тортури имавме, неколку колешки дадоа отказ. Мене пред инфаркт ме донесоа. Сакаме нашата работа да ја вратат. Да ни најдат работа“ вели Осман Џафери – вработен во пералната на Клинички веќе 30 години.
Дел од врботените бараат пералната да ја вратат во функција, да се реши нивниот статус






