Со Насер Зибери, и ДУИ сит, и гласачите на број?

Тајната на секои изборни натпревари е да се наметне тема и темпо кои не им одговараат на политичките противници. Кој ќе успее во тоа, тој завршил добра половина од работата во своја корист. Тоа овозможува противниците да се занимаваат со агендата што вие сте ја одбрале, а не со вашите слабости. Останатото е прашање на кондиција и дисциплина за да се истрча прв до целта, додека другите ви ги бркаат петиците.

ДУИ со таа амбиција ја почнува оваа изборна кампања. Бидејќи за прв пат во својот дводецениски политички живот партијата на Али Ахмети не е јасен фаворит на некои (овие) избори кај албанското гласачко тело, политичката понуда мораа да ја формулираат доволно контроверзно – „Премиер Албанец!“ – за да ја „освојат“ изборната тема. Сега е напорот, покрај темата, да се наметне темпото и да се победат противниците на кондиција и со дисциплина.

Персоналниот предлог со Насер Зибери за „албански кандидат за премиер“ ја унапредува изборната агенда на ДУИ. Бидејќи, Зибери се чини како одличен предлог за премиер, токму затоа што е неважно што е Албанец. Човекот поседува квалитети и искуство кои се неспорни за извршување на најодговорната функција во извршната власт, дури и без разлика што ќе излезе од неговата триесетгодишна биографија којашто сега ќе биде предмет на темелно „тресење“ од страна на засегнатите опоненти, пред сè во албанските политички и општествени кругови.

Но, за почеток, пред само неколку денови, самиот Зибери не ја оцени оваа изборна идеја на Ахмети како продуктивна и надежна. Тоа, очигледно, било пред да му пријдат и, нему, да му ја понудат функцијата. Што може да говори тоа?

Се чини дека таа идеја на ДУИ не е родена во Тетово, а уште помалку во Мала Речица. Некој, некаде, проценил дека Зибери ќе биде добар предлог во „коцкарскиот“ влог со кој Ахмети влегува во сегашното изборно „казино“ – без таква поддршка и своевидни „гаранции“, ниту самиот Зибери не би бил наеднаш импресиониран од слаткоречивоста на Ахмети, а ни самата ДУИ, која е далеку од демократска структура, не би го „проголтала“ овој тотален партиски аутсајдер за сопствен партиски кандидат. Особено што не може да се каже дека Зибери, со своите повремени анализи и ставови за ДУИ во минатото, самиот толку „заслужил“, за „автохтоно“ да му се понуди од ДУИ да биде главен лик во воспоставувањето на нова, историска парадигма во македонската политика.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close