Со навлака од перница на глава и закани до нејзините со пиштол ја грабнал сопругата со која се разведувал од нејзиниот дом

Арачиновецот со уште едно лице отишол во домот на сопругата, со оружје се заканиле на присутните членови на семејството, а на жената и ставиле навлака за перница на глава за да ја однесат со себе
Жител на селото Орланци во Општина Арачиново е осомничен за кривичното дело грабнување бидејќи на сила ја грабнал сопругата со која биле во бракоразводна постапка бидејќи не сакал да се разведат.

Во грабнувањето му помогнало уште едно лице со кое отишле во липковско Отља каде со пиштол и пушка им се заканиле на членовите на семејството на сопругата.

„На 7 декември, од семејна куќа во селото Отља, општина Липково тие насилно ја грабнале оштетената сопруга на осомничениот со кој била во бракоразводна постапка. На присутните домашни им се заканиле со пиштол и автоматска пушка со намера да ја присилат оштетената да остане во брачна заедница со осомничениот. На главата и ставиле навлака за перница, па така ја влечеле кон задниот излез од дворот на куќата“,
соопштија од ОЈО Скопје.

Од обвинителството отворија истрага, а од судот побарале да му се определи и притвор.

Back to top button
Close