Со ова се олеснува пукањето на свадби, крштевки и други прослави, се зголемува достапот на оружје до малолетници…“: Најчевска за измените на Законот за оружје
Професорката Мирјана Најчевска се огласи со реакција за измените на Законот за оружје.
„Со ова се олеснува пукањето на свадби, крштевки и други прослави, се зголемува достапот на оружје до малолетници, се обезбедува непречено пукање кон комшии, роднини со кои си се скарал, бизнис конкуренти и секако членови на противнички банди.
Оваа власт се труди да го направи животот на луѓето максимално сигурен“, напиша таа