Со почитување на протоколите во делчевското село Ѕвегор се слави Илинден

Со почитување на протоколите за заштита од вирусот Ковид-19, кај манастирскиот комплекс „Св.Илија“ во делчевското село Ѕвегор се одбележува празникот Илинден.

Годинава, како што истакна свештеникот, Димитар Темелков, празнувањата поради коронавирусот се симболични.

– Оваа година знаеме дека не задеси коронавирусот, поради што собирите се намалени. Народот својата вера ја изразува со почитување на мерките за заштита, едни од други се пооддалечени, се прави заедничко семејствено присуство до храмот прошетка на некое време, со што и денес го одбележавме празникот кој е и соборен ден за жителите на село Ѕвегор. Нека ни помогне светецот Илија на сите и нека е за многу години, истакна Темелков.

Годинава општината поради коронавирусот ја одложи културно-уметничката програма која беше традиционален декор во рамки на одбележувањето на празникот кај манастирскиот комплекс „Св.Илија“.

Поради утрешниот неработен ден, Делчево денеска е главната туристичка дестинација на многу граѓани кои го искористија продолжениот викенд и ги посетија атрактивните туристички локалитети во градот.

Back to top button
Close