Со предавање за женското движење во Бугарија завршува КРИК – фестивал за критичка култура

Годинашново петто издание на КРИК – фестивал за критичка култура во организација на „Контрапункт“ завршува вечер со предавањето од третиот програмски дел на тема „Леви феминистички хоризонти: професионализирање или радикализирање на женското движење во Бугарија“.

Гостинка на фестивалот е Марија Иванчева, социолог и антрополог од Бугарија, која ќе одржи онлајн предавање, а по него ќе се одржи и дискусија која ќе ја модерира Јана Коцевска.

Предавањето ќе се одржи на англиски јазик, со пренос во живо на официјалната фејсбук страница на КРИК на линкот: https://www.facebook.com/KRIKfestival/  

Back to top button
Close